Повеќе од една третина од Германките со пензија помала од илјада евра

Стари лица / Фото: Marina Kovacevic / Alamy / Alamy / Profimedia

Милиони жени во Германија кои работат со полно работно време и по 40 години стаж се пензионираат со пензија помала од илјада евра.

Германското Министерство за труд пресмета дека повеќе од 2,7 милиони вредни жени се пензионираат со мизерни примања. Тие работат со полно работно време, плаќаат придонеси за пензија со децении и конечно добиваат мини пензија, велат левичарските политичари кои побараа одговор од Федералното министерство за примањата на жените кои заминуваат во пензија.

Од вкупно 7,1 милион постојано вработени жени, 2,7 милиони или 38 отсто чекаат мала пензија. За да добијат месечна пензија од 1.000 евра нето, вработените во моментов треба да заработуваат 2.844 евра бруто месечно за 40 години.

За да го остварат правото на пензија од 1.200 евра, на вработените им е потребна месечна бруто плата од 3.413 евра за 40 години, се наведува во одговорот на министерството, објави Политика рс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот