Потресна приказна за рок-легендата: Последните часови од животот на Милан Младеновиќ

Милан Младеновиќ почина од рак на панкреас на 5 ноември 1994 година, а со месеци се зборувало дека заболел од сида. Во последните часови на неговиот живот со него во собата престојувала неговата колешка од бендот, Маргита Стефановиќ Маги.

За последните часови од животот на Младеновиќ во својата книга проговорила блиската пријателка на Маги, Лидија Николиќ.

„Еден ден пред смртта на Милан, Маги беше во својот стан на ‘Славија’. Заѕвоне телефонот. Можеш ли да дојдеш до кај нас? Милан сака да те види само тебе“, низ плач ја замолила мајката на Милан, Даница.

EKV
myelection.info/

Маги веднаш фатила такси и отишла во станот на Младеновиќ. Милан лежел во креветот. Било мрачно. „Немој да плачеш, сето ова го знаевме“ ѝ рекол Милан.

„Побарал да ја стави главата во прегратката на Маги и таа да го гали. Тоа често го правеа. Ѝ заспал во прегратката. Останала неколку часа сама со него. На разделбата му рекла: ‘Се гледаме утре.’ Ништо не ѝ одговорил, само нежно ја погледнал. Другиот ден почина“, раскажала Лидија Николиќ.

Некои велат дека музичарот во моментот на смртта имал само 35 килограми. Три месеци пред смртта, му се слошило на Младеновиќ по еден концерт во Будва и итно бил префрлен во болница.

myelection.info/

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот