ПОТРЕСНА ПРИКАЗНА: 11-годишно дете со церебрална парализа оставено без терапија и со чаша млеко во куќа во Охрид

СП. архива

Од Центарот за социјални работи Охрид од каде што се обидовме да добиеме детални информации за тоа што е преземено за малолетникот да се згрижи, ни ја спуштија телефонската слушалка и рекоа дека мобилни броеви од социјалните работници не даваат, иако станува збор за случај од исклучителен јавен интерес и животот на детето е доведен во опасност.

Единаесетгодишно дете со церебрална парализа, без никаква лекарска грижа, без никаква терапија и со 150 милилитри млеко дневно преживува во куќа во Охрид откако двајцата родители го напуштиле и го оставиле со човек што ниту знае како да се грижи за детето, ниту пак знае каква терапија детето прима.

Игор Блажески од Охрид вели дека и мајката и таткото на малолетникот си заминале, едниот пред месец дена, а другиот пред недела дена, оставајќи го детето во негова заштита, иако нему му треба сериозна помош бидејќи не е ниту компетентен за да одредува терапија, ниту пак знае како да се грижи за пациент со ваква тешка болест.

Блажески за „Слободен печат“ тврди дека во Центарот за социјални работи – Охрид му рекле дека не можат да го згрижат малолетникот додека за тоа писмена согласност не даде барем едниот од родителите.

– Ги барам двајцата родители, да дојде барем едниот да се потпише за да може да се згрижи детето во дом или во установа. Има само 11 години и церебрална парализа, неподвижен е и само лежи. Ништо не јаде, не прима никаква терапија, а јас не сакам на своја рака да му дадам нешто, не дај Боже да ми умре па да бидам крив. Јас мислам дека болно дете мора да прима терапија. Во полиција бев пред месец дена да пријавам дека таткото на детето си замина, а потоа и мајката дека замина, но не се замараат, не се заинтересирани. Воопшто не им е гајле. Јас сум исплашен зашто детето ниту јаде ниту пие. Само 150 милилитри млеко дневно пие и не знам како може вака сите институции да не се воопшто заинтересирани за ваквата ситуација, изјави Блажески за Слободен печат.

Од СВР Охрид не сакаа да ни дадат никакви информации со изговор дека „полицијата е на терен и постапува“ и најавија соопштение за подоцна во текот на денот. Но, Блажески тврди дека полицаец во куќата каде што се наоѓа 11-годишникот не стапнал.

Од Центарот за социјални работи Охрид од каде што се обидовме да добиеме детални информации за тоа што е преземено за малолетникот да се згрижи, ни ја спуштија телефонската слушалка и рекоа дека мобилни броеви од социјалните работници не даваат, иако станува збор за случај од исклучителен јавен интерес и животот на детето е доведен во опасност.

Блажески тврди дека од Социјално му рекле, дека за да го згрижат детето, мора да имаат писмен потпис барем од еден од родителите, што е причина повеќе што тој јавно бара да се најдат родителите.

– Сите во Охрид знаат за ова и никој ништо не презема. На сите во Охрид им велам, ако ја видите жената или таткото, веднаш кажете ми ќе дојдам, само за да потпишат да можеме да го згрижиме детето во установа. Се обидов да го сместам и на костозглобно во Охрид каде што има деца со церебрална парализа, но ми рекоа без потпис нема да го примат и ако обезбедам писмена согласност од родител, нема да има проблем, ќе може да се хоспитализира, ни изјави Блажески.

ОБНОВЕНО 22.07.2020, 14:58: По реакцијата на Слободен печат, МТСП обезбеди згрижување за 11-годишното дете со церебрална парализа од Охрид

11-годишното момче со возило на итната помош и со ургенции на Филипче се префрла на Детска Клиника во Скопје

Малиот Илче веќе неколку дена јаде од лажичка, а не преку сонда на Детска Клиника

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот