По реакцијата на Слободен печат, МТСП обезбеди згрижување за 11-годишното дете со церебрална парализа од Охрид

По реакцијата на Слободен печат и на јавноста на социјалните мрежи, за единаесетгодишно дете со церебрална парализа, кое го напуштиле двајцата родители и го оставиле со човек кој ниту знае како да се грижи за детето, ниту пак знае каква терапија тоа прима, детето прима, Министерството за труд и социјална политика обезбедило грижа и сместување во мал групен дом.

-Министерството за труд и социјална политика информира дека стручните служби и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Охрид постапуваат во врска со случајот на 11-годишното дете со церебрална парализа. За детето е обезбедена соодветна грижа и сместување во мал групен дом, се вели во соопштението од МТСП.

ПОТРЕСНА ПРИКАЗНА: 11-годишно дете со церебрална парализа оставено без терапија и со чаша млеко во куќа во Охрид

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот