Поранешниот шеф на Ферари: Шумахер е сè подобар – се опоравува, но со последици

И според екс шефот на Формула 1, Екслтон верува дека Шуми ќе се опорави/Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Жан Тод, екс прв човек на Ферари, откри нови детали за состојбата на Михаел Шумахер во интервју за новинарите.

Седумкратниот светски шампион во Формула 1 беше тешко повреден при скијање во 2013 година. Се стравуваше дека Германецот ќе биде во вегетативна состојба до крајот на животот, и покрај социјалните медиуми и хиперинфлацијата на вестите, неговото семејство успеа строго да ги чува сите информации околу состојбата на Шуми.

Се знае само тоа дека за него се грижи неговата сопруга Корина. Се појавија и информации дека поради огромните трошоци за лекување треба да го продаде имотот, но тоа не е потврдено.

Според Тод, Шумахер се чувствува подобро.

– Неговата состојба полека, но сигурно се подобрува. Поминав многу време со Корина. Таа е храбра жена и го води целото семејство. Благодарение на неа и големата посветеност на докторот, Михаел преживеа, но со последици – вели Тод.

И поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстон, кратко зборуваше за состојбата на Шумахер.

– Тој не е со нас во моментов. Ќе се опорави и потоа ќе одговори на сите прашања – рече Еклстон.

Ужасни вести: Откриено во каква состојба е легендарниот Михаел Шумахер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот