Ужасни вести: Откриено во каква состојба е легендарниот Михаел Шумахер

Шуми осум години се бори со последиците од тешката несреќа на скијање/Фото: EPA-EFE/DIEGO AZUBEL

Легендата на Формула 1, Михаел Шумахер, веќе осум години се бори со последиците од тешката несреќа што ја доживеа на скијање.

На познатата интернет платформа деновиве ќе се емитува документарен филм за неговиот живот, но фокусот ќе биде на времињата на славата и успехот, а не на борбата за враќање во нормалниот живот.

Близок пријател на Михаел, Филип Штрајф, кој и самиот доживеа тешка несреќа по која беше парализиран од половина, често го посетуваше Шуми додека Германецот беше во болницата во Гренобл.

Откако се лекуваше дома, само Жан Тод имаше можност да го види седумкратниот светски шампион надвор од потесниот круг на неговото семејство.

– Не гледам поента толку години да го држат во таква состојба – вели Штрајф, кој има едно трето место во 1985 година.

Тој беше парализиран по судир на тест возење во Бразил пред почетокот на сезоната 1989 година.

– Михаел Шумахер е во кревет, во навистина тешка и тажна состојба. Слушам дека изгубил многу килограми – рече Французинот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот