Ирман Кан / Фото: EPA/BILAWAL ARBAB

Поранешниот пакистански премиер Имран Кан и неговата сопруга осудени на 17 години затвор

Пакистански суд ги осуди поранешниот премиер Имран Кан и неговата сопруга Бушра Биби на по 17 години затвор во случајот за корупција познат како Тошахана 2, објави новинската агенција ПТИ.

Според пресудата, Кан и Бушра Биби беа осудени на десет години затвор, како и дополнителни седум години затвор според неколку одредби од Законот за спречување на корупција, пренесува Ројтерс.

Судот, исто така, им изрече парична казна од десет милиони пакистански рупии или околу 30.500 евра.

Случајот Тошахан се однесува на измама поврзана со владини подароци што поранешниот прв пар ги добил од саудиската влада во 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот