Поранешната сопруга на Дејвид Хаселхоф пронајдена мртва во замок од 2 милиони долари во Холивуд Хилс
Памела Бах Хаселхоф, поранешната сопруга на Дејвид Хаселхоф, наводно извршила самоубиство на 62-годишна возраст. Според „TMZ“, членовите на нејзиното семејство биле загрижени бидејки не успеале да стапат во контакт со неа, па одлучиле да ја проверат. Итната помош била повикана во нејзиниот дом околу 22 часот во средата, откако ја нашле во бессознание.
Препорачано
Памела била прогласена за почината во замокот од два милиони долари во Холивуд Хилс. Зад себе ги остави двете ќерки Хејли (32) и Тејлор (34), кои ги доби од бракот со Дејвид.
Памела беше актерка и се појави во бројни телевизиски серии, вклучувајќи го и „Baywatch“, каде десет години ја глумеше сопственичката на кафуле Кеј Морган. Таа го запозна Дејвид во 1985 година, кога гостуваше во серијата „Knight Rider“. Таа, исто така, глумеше и во сериите: „Сирени“, „Младите и немирните“, „Човекот од есен“ и „Т.Џ. Хукер‘.
Дејвид претходно беше во брак со Кетрин Хикланд од 1984 до 1986 година, додека со Памела беше во брак од 1989 до 2006 година.
Нивниот развод беше бурен, а споровите околу алиментацијата продолжија до 2017 година. Откако ги реши правните спорови со Памела, Дејвид се ожени со велшкиот модел Хејли Робертс во 2018 година.


