Поранешната дивоградба кај „Мавровка“ сега е клиника за пресадување на коса

На место на поранешната дивоградба кај Мавровка се наоѓа салон за пресадување на коса

Објектот кој беше изграден на просторот кај поранешната дивоградба пред трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје е сега клиника за пресадување на коса.

Клиниката за трансплантација на коса „ВатанМед“ со потекло од Турција денеска го објави во медиумите почетокот на своето работење во овој објект.

Минатата година, инвеститорот Мевљудин Алити, чија дивоградба се уриваше со полициска придружба, призна вина и доби условна казна од две години, како и паушал за судски трошоци во висина од 3.000 денари (50 евра).

 

Видео на денот