Пресуда за дивоградбата кај Мавровка: Сопственикот казнет со 50 евра

Рушење на дивоградбата кај ТЦ Мавровка / Скопје, 2 септември 2020 / Фото: Драган Митровски - Слободен печат.

Условна казна и 50 евра трошоци го чинеше сопственикот на кафулето „Фонтана“ во Мавровка обидот  од привремен објект да дигне неколку катна зграда, пишува Призма.

Според официјалната пресуда добиена од судот едно признание на вина, условна казна и судски паушал од 3000 денари  е казната за бетонско здание пред трговскиот центар.

Објектот почна да се руши веднаш по формирањето на новата влада минтата година откако претходно неколку месеци државата не можеше да го најде сопственикот.

За делото бесправно градење во ст.1 за кој беше обвинет Алити во КЗ е предвидено затворска казна од 3 до 8 години, но во конкретниот случај судот во пресудата утврдил дека може да му се ублажи казната ако се има предвид околноста дека обвинетиот претходно не бил осудуван.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот