Ковид-состојба во Нов Зеланд
Ковид-состојба во Нов Зеланд / Фото: EPA-EFE/DAN HIMBRECHTS

Поради пандемијата границите на Нов Зеланд остануваат затворени до крајот на годината

Нов Зеланд планира да ја отвори својата граница од почетокот на 2022 година и да им овозможи на вакцинираните патници од земјите со низок ризик да влезат без задолжителниот карантин, што сега е во важност, соопшти денеска премиерката Јасинда Ардерн, пренесува Си-Ен-Ен.

Од март 2020 година, Нов Зеланд целосно ја затвори својата граница за сите, освен нејзините граѓани и лица со дозволи за престој. Во април годинава границата беше кратко отворена за граѓаните на соседна Австралија, но повторно се затвори кон крајот на јули, откако Австралија се соочи со нови жаришта на заразата.

Строгата политика за елиминација резултираше со само 2.500 регистрирани случаи на инфекција со коронавирус во Нов Зеланд и вкупно 26 смртни случаи.

Ардерн кажа дека од 1 септември, три месеци пред предвиденото, вакцината ќе биде достапна за секој што ги исполнува условите.

„Порано велев дека границата е нашиот колективен оклоп што не штити од вирусите. Идејата за вакцинација е секој од нас да добие свој оклоп, што значи дека ќе можеме помалку да се потпираме на чување на границата, или барем не само тоа“ рече Ардерн на форумот за повторно поврзување на Новозеланѓаните со остатокот од светот.

Таа додаде дека откако ќе почнат да се зголемуваат бројките на вакцинирани, тогаш ќе може да се отворат границите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот