Покажа како жртвите на семејно насилство можат да повикаат полиција без насилникот да сфати (ВИДЕО)

Младата девојка Кетлин Мекголдрик (14) од Кливленд, САД стана хит на „TikTok“ откако објави видео во кое демонстираше како луѓето кои се жртви на семејно насилство можат да повикаат полиција без насилникот воопшто да забележи што се случува.

Тинејџерката се сними со модринки на лицето (кои ги направи со помош на шминка) и ја повика полицијата преправајќи се дека нарачува пица.

Таа за медиумите објасни дека видеото го направила со цел да им помогне на луѓето кои преживуваат семејно насилство затворени во своите домови за време на корона кризата. Видеото досега има над 100 илјади прегледи.

„Горда сум бидејќи, според коментарите кои ги добивам, гледам дека тоа им помага на луѓето“, вели Кејтлин.

Таа, инаку е млад полициски кадет, односно членка на организацијата која ги учи младите луѓе за различните дејности на полициската служба.

Нејзиното постигнување го објави и полицијата од Кливленд која на социјалните мрежи напиша дека се гордее со неа.

„Тивкото решение“ се однесува на жртвите на насилство кои не сакаат да откријат дека повикуваат полиција или било каква помош.

Полицијата и обучените луѓе кои работат во кол-центрите за помош се обучени да препознаат лице во невоља само по неговиот глас, без оглед што говори лицето. Не трпете насилство, пријавете го насилникот!

Видео на денот