Погледнете кој се должи на УЈП: Објавена најновата листа на должници

Тука се и Македонската радио телевизија која должи 15.1 милиони денари, како и фудбалскиот клуб Вардар со долг од 22,6 милиони денари.

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.02/2020 за долгови доспеани до 31.10.2019 и неплатени до 31.01.2020 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На листата се и неколку претпријатија во државна сопственост. Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти должи 51 милиони денари, Јавното комунално претпријатие од Градско должи 3 милиони денари и Јавното претпријатие од Миравци должи 2,5 милиони денари. Тука се и Македонската радио телевизија која должи 15.1 милиони денари, фудбалскиот клуб Вардар со долг од 22,6 милиони денари, а најголем долг има компанијата „ТЕ-ТО“ од 1,3 милијарди денари.

На Листата на должници бр.02/2020 објавени се 2071 должници – правни лица (повеќе за 76 од претходната листа) и 2529 физички лица (повеќе за 14 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.02/2020 изнесува 10.195.548.760 денари, повеќе за 189.116.316 денари од претходната листа.

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.010.296.594 денари (повеќе за 156.322.034 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 185.252.166 денари (повеќе за 32.794.282 денари од претходната листа).

Комплетната Листа на должници можете да ја погледнете ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот