Подобра и од варено вино: Рецепт за топла сангрија – совршена за празничните дружења!
Сангријата е популарен шпански коктел кој традиционално се подготвува со црвено вино, сечкано овошје и мала количина жесток пијалак, најчесто бренди. Состојките се мешаат и се оставаат да отстојат во фрижидер за да се продлабочи вкусот, а потоа се служат разладени во топлите летни вечери, пишува „Пун куфер“.
Препорачано
Но, дали знаевте дека овој пијалак има и своја зимска верзија? Врелата сангрија е збогатена варијанта на класичното варено вино и претставува совршен избор за празничните декемвриски дружења.
Потребни состојки:
- 750 мл овошно црвено вино
- 350 мл јаболков сок
- 60 мл бренди
- 60 мл мед
- 4–5 каранфилчиња
- 2 стапчиња цимет
- 1 ѕвездест анасон
- 1 јаболко
- 1 портокал
Подготовка:
Во тенџере истурете го јаболковиот сок и додајте ги каранфилчињата, циметот и ѕвездестиот анасон. Во сокот изрендајте и малку кора од еден портокал. Гответе околу 30 минути на тивок оган за да се ароматизира течноста.
Тргнете го тенџерето од оган и оставете сокот малку да подолади, па додајте го медот и бренди. Мешајте додека медот целосно не се стопи.
Процедете ја течноста низ цедалка. Во чаша за сервирање ставете неколку тенки кришки јаболко, прелијте со една третина од ароматизираниот сок и дополнете со црвеното вино. Послужете веднаш.
На здравје!
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1час
-
1час
-
3час
-
3час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


