Џенифер Анистон и Џим Кертис / Фото: Инстаграм/Џенифер Анистон

Подготвени за нов чекор во врската: Џенифер Анистон и Џим Кертис бараат заеднички стан во Њујорк

Ѕвездата од „Пријатели“, Џенифер Анистон, и нејзиниот партнер, хипнотерапевтот Џим Кертис, беа „уловени“ како разгледуваат станови во Њујорк, што веднаш предизвика гласини дека се вселуваат заедно.

Благодарение на папараците кои ги фатија во луксузна зграда на престижниот Апер Ист Сајд на Менхетен, каде што моментално се продаваат неколку станови, започнаа шпекулации дека Џенифер и Џим се подготвени да го направат следниот чекор во нивната врска.

Станува збор за историска зграда од 1925 година која се протега на 16 ката и им нуди на своите жители врвни погодности – од вратари и услуги за рецепција до вински подруми и приватно кошаркарско игралиште, а фотографиите од вљубениот пар можете да ги видите ТУКА.

Иако сè уште не е официјално потврдено дали купуваат стан за да живеат заедно, значајно е што Кертис неодамна го стави на продажба својот имот во Долен Менхетен, вреден 1,5 милиони долари. Оваа потрага по недвижнини доаѓа веднаш откако Кертис јавно проговори за здравата динамика што ја има со актерката, особено кога станува збор за несогласувања.

Во појавувањето на 12 февруари во поткаст, холивудскиот гуру призна дека, како и секој пар, тие имаат повремени мали несогласувања, но ги решаваат на зрел и позитивен начин.

Тој објасни дека во тие моменти, тие имаат избор: можат да останат тивки и да бидат лути, да ја напуштат куќата или можат да размислат и да медитираат за тоа како да го променат тоа.

Кертис нагласи дека е клучно да се преземат чекори за да се спречи повторното појавување на истите проблеми.

– Затоа што кога ќе го поправите еднаш, а потоа ќе се случи уште петпати, никој повеќе не верува во тоа“, објаснил 50-годишникот, нагласувајќи ја важноста паровите однапред да ги „постават правилата“ на нивната врска.

Дечкото на Џенифер Анистон со тешка исповед за болеста што го принудила да оди со бастун

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот