Џенифер Анистон и Џим Кертис / Фото: Инстаграм/Џенифер Анистон

Дечкото на Џенифер Анистон со тешка исповед за болеста што го принудила да оди со бастун

Џим Кертис, новиот партнер на холивудската ѕвезда Џенифер Анистон, неодамна гостувал во телевизиската емисија „Тудеј“, каде што зборувал за почетоците на нивната врска, но и за сериозната здравствена состојба што му го променила животот од корен. Кертис, кој денес е познат како експерт за хипноза и лајф-коучинг, повеќе од две децении работи во областа на здравјето и личниот развој, иако неговиот пат до оваа професија бил исполнет со предизвици.

Кариерата ја започнал на Волстрит во 1990-тите години, но во раните дваесетти години од животот сè се променило кога му било дијагностицирано хронично оштетување на ’рбетниот мозок.

Здравствените проблеми биле сериозни и значително влијаеле врз неговото секојдневие. Како што раскажува самиот, се соочувал со силни грчеви, повремена парализа, постојано кривел при одење, поради што морал да користи бастун, а често имал и интензивни главоболки. Токму тие тешкотии, вели тој, биле пресвртна точка што го натерала да размисли подлабоко за својот живот и професионален пат.

„Знаев дека ме чека нешто поинакво – помалку стресно и понежно кон моето тело“, изјавил Кертис.

Тој отворено признал дека не се пронашол во работата што тогаш ја работел и дека промената била неизбежна. Тешката дијагноза, наместо да го скрши, му помогнала да ја открие својата вистинска насока – кариера во која денес успешно им помага на другите, а воедно ужива и во врската со една од најпознатите холивудски актерки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот