По крвавата парада на Канзас Сити Чифс: Тејлор Свифт донираше 100.000 долари на семејството на убиената жена

Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Пред неколку дена во вооружен напад во Мисури САД, кој се случи на крајот од парадата на Канзас Сити Чифс по повод победата на овогодинашниот Супербол, загина едно лице, а 21 беа повредени.

Набрзо по овој немил настан, донацијата од Тејлор Свифт, која е во врска со ѕвездата на Канзас Сити Чифс, Тревис Келси, беше објавена на „Гоу фанд ми“, веб-страница формирана од семејството на Елизабет Лопез-Галван, водителка на радиото Канзас Сити, која беше единствената жртва. Таа имаше 43 години.

Фото: Kansas City Star/TNS/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Пораката оставена со донацијата на веб-страницата гласи: „Испраќам најдлабоко сочувство по вашата катастрофална загуба. Со љубов, Тејлор Свифт“.

Претставници на пејачката потврдија за Си-ен-ен и за магазинот Вараети дека донацијата е автентична.

Инаку, семејството на Лопез-Галван, собрало скоро 280.000 долари, вклучително и донацијата од Тејлор Свифт, што е далеку над целта на фондот од 75.000 долари која ја имаа поставено. На веб-страницата се вели дека фондот е наменет да обезбеди „витална финансиска поддршка“ на семејството Лопез-Галван, мајка на две деца, „во оваа незамислива трагедија“.

Тејлор која присуствуваше на натпреварот на Супербол во неделата, не беше на прославата во средата по враќањето од нејзината концертна турнеја во Австралија, но Келси и другите играчи беа на парадата кога избувна пукањето.

Фото: Profimedia

Полицијата соопшти дека до пукањето дошло поради расправија меѓу неколку лица што настанала за време на самиот настан. Двајца тинејџери уапсени набргу по крвопролевањето беа обвинети пред семејниот суд како малолетници во случајот на неовластено поседување огнено оружје и давање отпор при апсење.

ВИДЕО: Застрелани и приведени во Канзас на парадата на победниците во Супербол

ФОТО | Општо лудило: Страсниот бакнеж на Тејлор Свифт и Тревис Келси го одбележа годинашниот Супербол

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот