ФОТО | Општо лудило: Страсниот бакнеж на Тејлор Свифт и Тревис Келси го одбележа годинашниот Супербол

Фото: Profimedia

Рагбистот Тревис Келси (34) ја прослави победата на неговиот тим Канзас Сити Чифс за време на финалниот натпревар на Националната фудбалска лига (НФЛ), познат како Супербол, во друштво на неговата партнерка, пејачката Тејлор Свифт (34).

Ова е трета шампионска титула за Канзас Сити Чифс во последните пет сезони, а за Свифт ова е прв победа на рагби тимот на Супербол што ја прославила со своето момче, со кого е во врска околу шест месеци. По сензационалната победа, Свифт и Келси се прегрнаа и бакнаа на теренот и еуфорично ја прославија победата.

Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO
Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO
Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Пејачката, која во последните денови одржа серија концерти во Токио, успеа да стигна на големото финале во Лас Вегас. Во саботата вечерта таа ги поздрави фановите во јапонската престолнина и се упати кон Вегас, пристигнувајќи на време благодарение на својот приватен авион. Имено, Токио е 17 часа пред Лас Вегас, а пејачката веднаш по концертот отпатува за да пристигне непосредно пред почетокот на Супербол.

Свифт го следеше натпреварот во ВИП ложата заедно со бројни семејни и познати пријатели, меѓу кои и актерката Блејк Лајвли и пејачките Ајс Спајс и Лана дел Реј.

Фото: Patrick T. Fallon / AFP / Profimedia

Аренби ѕвездата Ашер настапи за време на полувремето на натпреварот којшто се одигра во стадионот Елиџент во Лас Вегас. Пејачот ги отпеа хитовите „Caught Up“, „U Don’t Have to Call“, „Superstar“ и „Love in the Club“. Неговиот импресивен настап траеше 13 минути, а на сцената му се придружија и други ѕвезди како Алиша Кис, Лудакрис, Лил Џон, Џермејн Дупри, Вил Ај Ем  и Х.Е.Р.

Големиот спортски настан го проследија голем број познати личности како Џеј Зи, кој дојде во придружба на неговата ќерка Блу Ајви, Гвен Стефани, Гордон Ремзи, Пол Макартни, Џастин Бибер и многу други.

Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO
Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO
Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN
Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот