фото: Национална пливачка федерација

Пливачката Миа Блажевска Еминова постави нов апсолутен рекорд на Македонија

Како што соопштија од Националната Пливачка Федерација, поставен е нов апсолутен рекорд на Македонија.

На Европското У23 првенство што се одржува во Шаморин, Словачка, нашата репрезентативец Миа Блажевска Еминова постави нов Апсолутен рекорд на Македонија во дисциплината 50 метри делфин со време 28,42 секунди.

Стариот рекорд беше со време од 28,56 секунди исто така во сопственост на Блажевсна Еминова.

Во оваа дисциплина на ЕП нашата пливачка го освои последното 10 место во својата група.

Воедно Блажевска Еминова настапи уште во две дисциплини во Шаморин, во дисциплината 100 метри во групата 1 беше третопласирана со време од 57,94 секунди или севкупно 28 место од 34 пливачки, а три натпреварувачки не настапија во своите трки.

Блажевска Еминова во дисциплината 50 грбно, во групата 2 се најде на последната деветта позиција со време од 30,64 секунди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот