Пливачите на „Бета Шаркс“ освоија девет медали во Крушевац

ПК Бета Шаркс се враќа со три златни од „Шаренградски куп“ во Србија/Фото: facebook/PK BETA Sharks

Како што известува македонскиот пливачки клуб „Бета Шаркс“, изминатиов викенд во исклучително голема конкуренција на силните пливачки клубови од Србија на „Шаренградскиот Куп“ во Крушевац, се натпреваруваше и победуваше.

– Правевме грешки и храбро се враќавме во борба, се бодревме и на крајот заедно се радувавме на одличните резултати.

Тимската работа и заедништво е нашето второ име! Одиме уште посилно и похрабро во новите тренинг предизвици кон нови победи! – информираат од ПК „Бета Шаркс“.

Леона Величковска се закити со златен и сребрен медал, Андреј Чичаковски дојде до златен и бронзен медал.

Потоа, Милица Силјановска успеа да освои злато, до сребро дојдоа Ангелина Џугоманова, Давид Милевски и Дамјан Тодоровски, а бронза освои Димитар Тодоровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот