Петра Еклстон - Фото: Притнскрин/ Инстаграм

Петра Еклстон се огласи откако со семејството го напушти Дубаи: „Не побегнавме“

Петра Еклстон, ќерката на поранешниот сопственик на Формула 1, Берни Еклстон и хрватската манекенка Славица Радиќ, на социјалните мрежи се осврна на шпекулациите дека со семејството избегала од Дубаи.

Таа на својот профил сподели серија семејни фотографии од патување, на кои позира со децата на аеродром и во авион. На една од фотографиите им се придружува и нејзиниот сопруг Сем Палмер. Во описот на објавата, Петра призна дека преселбата и прилагодувањето на новиот живот не поминале целосно без тешкотии.

– Поминаа два месеци откако ги спакувавме животите и се преселивме во Дубаи. Не одеше сè толку мазно како што замислувавме и наидовме на неколку неочекувани пречки. Но, како и секогаш, се соочивме со нив заедно како семејство и успеавме да ги надминеме – напиша таа.

Потоа директно се осврна и на гласините дека семејството го напуштило градот поради неодамнешните настани.

– Сакам да разјаснам една работа: не „побегнавме“ поради околностите за кои луѓето шпекулираат. Тоа едноставно беше единствениот лет што можевме да го добиеме за да стигнеме навреме на коњичките натпревари на Лавинија во Европа. Едно од работите за кои сме благодарни е колку Дубаи ја става безбедноста на прво место и колку се чувствувавме добредојдени и сигурни за време на оваа промена – порача Петра.

Пред неколку дена таа сподели и вознемирувачко искуство, опишувајќи ги експлозиите во Дубаи како една од најстрашните ноќи во нејзиниот живот. Токму тоа поттикна шпекулации дека семејството го напушта новиот дом.

Петра се пресели со семејството во Дубаи кон крајот на 2025 година, делумно и поради зголемената стапка на криминал во Лос Анџелес. Одлуката за преселба дошла по неколку непријатни искуства, меѓу кои и пожари што го загрозиле нивниот дом и ги уништиле училиштата на нивните деца.

Во Дубаи тие пронашле нов дом – луксузна вила во населбата Емирејтс Хилс вредна околу 70 милиони долари, верувајќи дека таму конечно ќе имаат мирна и безбедна средина за семејниот живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот