Пензионер добил на лото, а потоа западнал во проблеми: Сега нема ни за леб
Пензионерот Пит Дејли од Велика Британија ја освоил играта на Еуроџекпот наречена ЕуроМилионс и сигурен дека парите ќе му легнат за 10 дена, се фрлил на трошење, а сега нема пари ниту за храна.
Кога дознал дека победил во играта на Еуроџекпот наречена ЕуроМилионс, пензионерот Пит Дејли бил најсреќниот човек на светот.
За жал, неговата среќа траела кратко. Дејли освоил 582 фунти (690 евра) на лотаријата и му била ветена исплата 10 дена по извлекувањето, но парите сè уште доцнат.
– Освоив 582,20 фунти и секој пат кога ќе им се јавам, добивам различна приказна. Уплаќав лото 10 години, по 10 фунти неделно, значи 1.040 фунти секоја година и така 30 години. Конечно заработив 500 фунти, а тие не сакаат да ми платат – изјавил Дејли револтирано за „Ливерпул ехо“.
– Кога дознав дека победив, платив за осигурување на автомобилот бидејќи мислев дека овие пари ќе дојдат и ќе ми помогнат да преживеам. Така, цел месец се хранев од банката за храна, бидејќи парите не дојдоа. Не можам да си дозволам фризер, ми требаат нови чевли – ја опишал непријатната ситуација во која се нашол.
– Не можам да си дозволам ништо затоа што го платив осигурувањето на автомобилот, мислејќи дека ќе ги добијам тие пари во рок од 10 дена. Заглавен сум дома, не можам да платам бензин, не можам никаде да мрднам. Ми требаат тие пари, се борам, буквално тие пари ми требаат за да живеам, не добро, туку да живеам – рекол загрижениот пензионер.
Во оваа прилика се огласиле и од Еуроџекпот.
„Многу ни е жал поради вашата загриженост и колегите сега го контактираа г-дин Дејли со ажурирани информации. Ние успешно обработуваме стотици, понекогаш и илјадници барања за награди секоја недела. Ова следи по воведувањето на ревидираниот процес за побарувања што моравме да го воведеме претходно оваа година откако Поштата одлучи дека повеќе нема да исплаќа малопродажни награди од Националната лотарија помеѓу 500,01 и 50.000 фунти. За жал, мал број од овие побарувања доцнат поради различни причини. Меѓутоа, продолжуваме да работиме на новите начини за понатамошно подобрување на исплатите и сакаме да ги увериме нашите победници дека ќе ја добијат својата награда – одговориле од Еуроџекпот.