Патрик Муратоглу: Ѓоковиќ сега е во иста физичка форма како пред 10 години

PA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Познатиот тениски тренер смета дека главната разлика помеѓу Новак и Роџер Федерер е што Србинот сега е многу подобро физички подготвен од Швајцарецот кога беше на негови години

Познатиот тениски тренер Патрик Муратоглу, споредувајќи ги Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер истакна дека главната разлика помеѓу нив двајцата е тоа што Србинот (36) успеал да ја задржи физичката форма како во младите години, додека Швајцарецот (42) тоа не можел.

– Кога имаше 36, 37 години, Роџер не можеше да освои три од четири грен-слема, да биде постојан цела година и да биде навистина еден чекор над сите играчи. Разликата е тоа што Новак е физички добар денес како и кога имаше 26 години. Тоа е огромна разлика. Кога сте на тоа ниво физички, можете да бидете постојани цела година и да ги победите сите најдобри играчи во светот. Тоа е голема разлика – вели Муратоглу.

Многумина го споредуваат успехот на Ѓоковиќ по неговата 35. година со оној што го имаше Роџер Федерер во периодот од 2017 до 2019 година, кога двапати го освои Австралија опен и еднаш Вимблдон во неговите средни и доцни 30. години.

EPA-EFE/Laurence Griffiths

Сепак, Муратоглу неодамна наведе зошто неодамнешните достигнувања на Ѓоковиќ, според него, се поимпресивни од оние на Федерер. Србинот годинава освои четири од можните пет големи титули и со п оодмината возраст има една од своите најуспешни сезони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот