Париз не се плаши од терористички закани за време на Олимписките игри 2024

фото: EPA-EFE/Mohammed Badra

Француската министерка за спорт Амели Удеа-Кастера рече дека не се размислува за преместување на церемонијата на отворање на Олимписките игри, планирани на Сена во Париз. Следните Летни Олимписки игри ќе се организираат во периодот од 26 јули до 11 август 2024 година.

– Немаме план Б, имаме план А во кој постојат неколку планови Б – изјави Удеа-Кадеста за радиото „Франс ентер“.

Два дена откако напаѓач познат по радикален исламизам и психијатриски нарушувања во Париз уби германски турист со нож и повреди уште две лица со чекан, министерката за спорт потсети дека „терористичката закана, особено исламистичката, постои“. Но, „тоа не е ново и не е специфично за Франција, ниту е специфично за игри“, подвлече министерката, која додаде дека се прави сè за да се минимизира што е можно повеќе со апсолутна будност.

Церемонијата на отворањето на Олимписките игри треба да се одржи на Сена, меѓу два познати моста во Париз, а Удеа-Кастера нагласи дека не постои план Б.

– Постојат голем број можности за прилагодување – вели Удеа-Кастера.

Таа конкретно го наведе бројот на гледачи за време на оваа церемонија, кој ќе биде одреден напролет, а кој може да се промени. Овие прилагодувања ќе се однесуваат и на „бројот на свечености што ќе бидат одобрени во областа и во Париз“ и „управувањето со безбедносните периметри“.

На прашањето дали преместувањето на церемонијата е дел од плановите, министерката рече: „Тоа не е хипотеза на која работиме“. Соочена со загриженост поради нападот во саботата вечерта во близина на Ајфеловата кула, Удеа-Кастера потсети дека безбедносните мерки „ќе бидат значително зголемени за време на Олимписките и Параолимписките игри“.

– Нема сомнеж дека церемонијата на отворање ќе биде посебен безбедносен предизвик, но тоа го знаеме уште од првиот ден. Имаме капацитет да го обезбедиме тој настан – се зборовите на француската министерка за спорт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот