Параметрите за хемостаза, како маркери за прогноза кај пациенти со можна инфекција со ковид-19

Дали постои врска помеѓу ковид -19 и хемостаза? Неодамнешната статија публицирана од Липи и Плебани, светски познати научници, прикажува преглед на најчестите абнормалности во лабораториските параметри кај пациенти со инфекција со ковид-19. Во нивната статија тие го тврдат следното: „Моментално достапните информации ни покажуваат дека голем број лабораториски параметри се променети кај пациенти со ковид-19, и некои од тие параметри можат исто така да се разгледаат како значајни маркери за прогноза на неповолен клинички исход кај пациентите“.

Главни лабораториски абнормалности кај пациенти со непосакувана прогресија од ковид-19 (модифицирано од Липи и Плебани)

Параметри за хемостаза како маркери за прогноза кај пациенти со ковид-19.

При неодамнешна публикација беа издвоени три главни фактори на ризик за прогноза на пациенти со ковид-19.

  • Возраст на пациентот
  • Висока SOFA вредност
  • D-dimer вредност поголема од 1μg/L (FEU)3

SOFA претставува акроним за секвеционална процена на откажување на органите. SOFA вредноста претставува медицинска вредност што се користи за евалуација на пациенти во интензивна нега. Вредноста се користи како алатка за да се одреди степенот на дисфункција на органот и да го одреди степенот на смртност. Се смета за многу важен маркер за сепса.

Студијата е заснована на ретроспективна, мултицентрична анализа на возрасни пациенти со ковид-19 од болницата „Јyининтан“ и болницата за респираторни заболувања во Вухан. Листата на најважни ризик-фактори за непосакувана прогноза се следниве: возрасна група на пациенти, лимфопенија, леукоцитоза и зголемени вредности на ALT, LDH, високо сензитивен Тroponin I, CK, D-dimer, ferritin, IL-6, prothrombin tme (PT), creatinine и procalcitonin.

Авторите на оваа студија донесуваат заклучок дека возрасната група пациенти, висок SOFA резултат и покачен d-dimer се најбитни фактори што им помагаат на докторите при идентификација на пациенти со лоша прогноза во рана фаза.

Заклучок:

Засновано на многу лабораториски испитувања некои автори даваат заклучок дека вредности добиени со изработка на тестови за хемостаза и посебно за D-dimmer треба да станат рутина во мониторирање на пациенти со ковид-19.

Биотек лабораторија“, информации и закажување на телефоните: (0)2 5300 898, 078/394-829, (0)2 5300 766

(комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот