Паника во Њујорк: Џонсон без маска ракувал со заразениот бразилски министер, пред средбата со Бајден

Борис Џонсон ракувал со заразениот бразилски министер за здравство Марсело/ Фото EPA

Британскиот премиер Борис Џонсон вчера без маска ракувал со бразилскиот министер за здравство Марсело Киерога кој соопшти дека е позитивен на ковид-19, на состанокот во Њујорк по состанокот на Генералното собрание на ОН, пренесува Гардијан.

Киерога вчера седел во близина на Џонсон и министерката за надворешни работи Лиз Трус на состанокот на британскиот премиер со бразилскиот претседател Жаир Болсонаро.

Џонсон потоа отпатува во Вашингтон, каде се сретна со американскиот претседател Џо Бајден.

Бразилскиот министер за здравство е вториот член на бразилската делегација во Њујорк кој е позитивен на коронавирус.

Неколку од бразилските делегати, вклучувајќи го Болсонаро, не се вакцинирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот