Невакцинираниот Болсонаро не смее во ресторан, па јаде пица на улица во Њујорк

Невакцинираниот бразилски претседател Жаир Болсонаро јаде пица во Њујорк/ Фото Twitter @tomphillipsin

Невакцинираните шефови на државите кои неделава присуствуваат на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, најверојатно не ќе можат да одат на вечера во рестораните низ градот. Од овие причини, најверојатно,  и бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој не е вакциниран, на својата прва вечер во Њујорк вечераше само парче пица на улица, пренесува Ројтерс.

Двајца министри од неговиот кабинет, кои се дел од бразилската делегација, објавија фотографија на која Болсонаро јаде парчиња пица со своите помошници.

Поддржувачите на Болсонаро го пофалија овој потег на претседателот како незадолжителна „едноставност” на нивниот лидер, кој одлучил да вечера на улица, во близина на хотелот каде престојува на Менхетен.

Бразилскиот популистички лидер, кој пред да замине за Њујорк се пофали дека не е вакциниран, изјави дека неговиот имунолошки систем е доволно силен за да се одбрани од коронавирусот.

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, апелираше до светските лидери да се вакцинираат пред да земат учество во дебатата на Генералното собрание на ОН.

Кабинетот на градоначалникот претходно изјави дека сите учесници во дебатата ќе мора да имаат доказ за вакцинација за да влезат во салата за дебати, која е класифицирана како конгресен центар.

Бразилската мисија во ОН одби да ги коментира извештаите дека еден од нивните дипломати бил позитивен во Њујорк. Портпаролот на ОН, Стефан Ѓујариќ, изјави дека за ова прашање тие биле во контакт со бразилската мисија.

Болсонаро ќе биде првиот шеф на државата што ќе зборува денеска на генералната дебата на годишната сесија на Генералното собрание на ОН.

Претседателот на Бразил невакциниран ќе се обрати на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот