Бразилскиот министер за здравство позитивен на коронавирусот на патувањето во ОН

Марсело Кеирога, министер за здравство на Бразил/ Фото ЕPA-EFE/Joédson Alves

Бразилскиот министер за здравство Марсело Кеирога е позитивен на коронавирус за време на официјалното патување со претседателот Жаир Болсонаро во Обединетите нации во Њујорк, пренесува Си-Ен-Ен.

Тој ќе остане во карантин во САД, напиша Кеирога синоќа на Твитер.

Според извештаите на бразилските медиуми, тој е вториот член на бразилската делегација во Њујорк кој е позитивен на коронавирус.

Десничарскиот популист Болсонаро го намалува значењето на коронавирусот од самиот почеток и постојано зборува против употребата на маски и други рестриктивни мерки.

Вчера на отворањето на Генералната дебата на ОН во Њујорк, тој предизвика изненадување со изјавите за неговиот пристап кон пандемијата. На пример, Болсонаро ја пофали превентивната употреба на лекови чија ефикасност против коронавирусот не е докажана.

Шефот на државата неколку пати нагласи дека тој самиот се уште не е вакциниран против коронавирусот.

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, испрати порака до Болсонаро, велејќи му да се вакцинира доколку сака да дојде во градот.

Во ОН важи „системот на чест”: секој што влегува во зградата на Обединетите нации во Њујорк, на пример, потврдува дека не бил позитивен во претходните 10 дена.

Во последните денови, Кеирога твитна, меѓу другото, фотографии со Болсонаро, неговата сопруга Микеле и претставници на инвестициски фондови.

Претседателот на Бразил невакциниран ќе се обрати на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот