Пандев: Само со дисциплина може да го спречиме ширењето на вирусот!

Слободен печат/Арбнора Мемети

Капитенот на нашата А репрезентација и воедно член на италијанскиот фудбалски клуб Џенова апелира да се следат препораките.

Еден од најискусните македонски фудбалери со порака преку социјалните мрежи луѓето да останат во изолација со цел да се спречи ширењето на епидемијата на коронавирусот.

Капитенот Горан Пандев и воедно член на италијанскиот клуб Џенова апелира да се следат препораките.

– Секој треба да е одговорен, како према себе, така и спрема другите. Затоа седи дома и слушај ги препораките. Само со дисциплина може да го спречиме ширењето на вирусот – се зборовите на Пандев.

Нашиот Пандев, заедно со Елиф Елмас (Наполи) и Илија Несторовски (Удинезе) се едни од клучните играчи кои се потребни во полуфиналната битка против Косово на 4 јуни за пласман на ЕП.

Иако моментно фудбалот, спортот на Апенините и пошироко моментно не е приоритет кај надлежните, италијанските медиуми во текот на вчерашниот ден објавија информација дека можно е Пандев да потпише нов договор со Џенова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот