Пандев ќе потпише нов договор со Џенова!? (ВИДЕО)

фото: твитер

Се очекува нашиот напаѓач да остане верен на клубот од „Луиџи Ферарис,“ а воедно неговата желба е да игра со Македонија на наредното ЕП.

Еден од најискусните македонски репрезентативци како што пренесуваат италијанските медиуми, ќе остане верен на Џенова.

Иако за годинава се шпекулираше дека Горан Пандев би можел да ја заврши професионалната фудбалска кариера и со желбата истата да ја круниса со историски настап на ЕП со репрезентацијата, многу работи за краток период се променија поради коронавирусот.

Нашиот „Гранде“ Пандев и на 36 години ги тресе мрежите во Серија А, до прекинот на оваа сезона за Џенова во најсилното италијанско првенство имаше седум голови од 22 натпревари што го моментно најдобар стрелец на клубот, заедно со Доминико Кришито кој го има истиот учинок на погодоци.


Неговиот договор трае до 30 јуни 2020 година, а како што известуваат од Апенините, се очекува Македонецот да стави нов потпис со екипата од „Луиџи Ферарис“.

Пандев е клучен игра на Џенова која и сезонава во Серија А се бори за опстанок, моментно е на засега безбедното 17 место со 25 бодови, но исто толку има и Лече кој е во опасната зона за испаѓање.

Сеуште нема точен датум кога би била продолжена сезоната, во зависност од ситуацијата, се шпекулира дека можно е тоа да се случи во јули или август.

Без сомнение јасна е намерата на Џенова, да го задржи Пандев во остварувањето на клупските планови, а воедно зошто да не биде остварена и желбата наредната 2021 година да го гледаме нашиот најдобар стрелец во националната селекција и на континенталниот собир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот