Македонија на 4 јуни ќе игра против Косово

Како што информираат од нашата фудбалска федерација соочени со присуството на коронавирусот КОВИД-19, здравјето на сите вклучени во играта е приоритетно.

Македонската А репрезентација натпреварот против Косово од баражите за пласман на Европското првенство 2021 ќе го одигра на 4. јуни 2020 година на Националната арена „Тодор Проески” во Скопје.

Финалниот натпревар ќе се одигра на 9. јуни 2020 година, а домаќин ќе биде подобриот од дуелот меѓу Грузија и Белорусија, соопшти денеска УЕФА. Европската куќа на фудбалот, претходно објави дека се одложува најголемото репрезентативно натпреварување УЕФА ЕВРО 2020. кое требаше да се одигра во јуни и јули годинава.

Соочени со присуството на корона вирусот COVID – 19, здравјето на сите вклучени во играта е приоритетно, како и избегнување непотребен притисок на националните јавни институции вклучени во организација на натпреварите.

Одложувањето, исто така ќе помогне да се завршат сите домашни натпреварувања кои моментално се во прекин заради кризата со COVID – 19.

Одлуките за одигрување на останатите УЕФА натпреварувања (клупски, репрезентативни, мажи и жени) ќе бидат навремено донесени и објавени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот