Пак искршено стаклото од бугарскиот клуб „Цар Борис“ во Охрид, овој пат со огнено оружје

Фото: МИА

Вечерва повторно е оштетено стаклото од излогот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети” во Охрид, потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, кој наведе дека оштетувањето е извршено со „оружје“.

Според него, вечерва во 19 часот и 12 минути во СВР Охрид било пријавено оштетување на стакло на канцеларијата на здружението „Цар Борис Трети”, лоцирана на булеварот „Македонски Просветители” во трговскиот центар „Амам“.

– Полициски екипи при СВР Охрид излегоа на местото на настанот, при што е утврдено дека на стаклото од надворешната врата и стаклото од излогот на канцеларијата има две оштетувања направени од оружје, вели Димоски.

За настанот бил известен јавен обвинител од ОЈО Охрид, по чии насоки се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Пред само два дена, сѐ уште непознати напаѓачи со камења го гаѓаа клубот, при што беше оштетено стаклото и дел од светлечката реклама. Клубот „Цар Борис Трети“, кој предизвика контроверзи пораси името на бугарскиот цар и соработник на нацистите во Втората светска војна, беше отворен минатиот месец.

ВИДЕО: Објавена снимка од кршењето на клубот „Цар Борис Трети“, три лица фрлаат со камења

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот