ВИДЕО: Објавена снимка од кршењето на клубот „Цар Борис Трети“, три лица фрлаат со камења

Принтскрин / БТВ

Бугарската телевизија „БТВ“ утрово објави видео од инцидентот во кој масикрани лица го кршат стаклото од излогот на бугарскиот културен центар „Цар Борис Трети“ во Охрид. На снимката од безбедносната видеокамера на клубот, се забележуваат тројца напаѓачи како фрлаат со камења.

Од СВР Охрид велат дека нема дополнителни информации за инцидентот освен она што беше кажано вчера дека продолжуваат со мерките за пронаоѓање на сторителите.

– Фокусирани сме на пронаоѓање на сторителите – изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Во врска со појавувањето на видео снимката, тој кусо одговара дека „сѐ што може да помогне во пронаоѓање на сторителите ќе биде употребено“.

Вчера на официјалната страница на Клубот Цар Борис III – Охрид на Фејсбук осамнаа фотографии од демолираниот објект со информација дека инцидентот се случил во 2 часот по полноќ. Искршени се стаклата на влезот на просториите.

Бугарското Mинистерство за надворешни работи (МНР) синоќа го осуди оштетувањето на културниот клуб.

„Таквите постапки намерно ги попречуваат напорите за воспоставување пријателство, добрососедство и соработка како водечки принципи во односите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија (РСМ)“, соопштија од МНР на Бугарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот