Искршени прозорците на клубот „Цар Борис Трети“ во Охрид

Искршени прозорците на здружението Цар Борис Трети/Фото: Фејсбук

Просториите на граѓанското здружение „Цар Борис Трети“ во Охрид ноќеска биле повторно демолирани, објавија бугарските медиуми.

Инцидентот се случил ноќеска меѓу 01 и 02 часот по полноќ кога прозорците на просторијата биле искршени со камења, по што полицијата извршиле увид. Како што објавуваат бугарските медиуми, одговорен за инцидентот бил 47-годишен жител на Охрид кој во полиција сам признал дека е извршител на делото.

Инаку, ова е втор инцидент во Охрид. Првиот инцидент беше по отворањето на клубот кога беше оштетена таблата, додека внатре имало граѓани.

Претходно, во петокот со торта и свеќа со бројот еден, пита и скара, здржението „Цар Борис Трети“ прославил една година од постоењето. На страницата на клубот беа објавени фотографии од прославата со порака дека на годишнината присуствувале голем број членови, но и пријатели на клубот, а присутни биле и генералниот кознул и дипломати од конзулатот во Битола.

Здружението „Цар Борис Трети“ во Охрид го прослави првиот роденден/Фото: Фејсбук

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот