Овие намирници ќе ви помогнат да ги решите проблемите со хормоните

Нивото на женските полови хормони, естроген и прогесторенот, варира во различни фази од животот, а со стареењето нивното производство се намалува.

До пореметување на нивното ниво може да дојде поради неколку причини, како што се бременоста, ПМС, голема група на болести и слично, така што потребно е да се надоместат на друг начин, првенствено со исхраната.

Ленено семе

Семето или маслото од лен, покрај фитоестроген содржи и антиоксиданси кои влијаат на намалувањето на ризикот од појавата на карцином на гради и грлото на матката.

Зелка, брокули, карфиол…

Зелката, брокулите и карфиолот се богати извори на фитоестроген и растителни влакна. Благодарение на тоа помагаат така што тие се превенција од многу срцеви болести.

Соја

Сојата и производите од соја содржат видови на фитоестроген наречени изофлавони, кои се покажаа како многу корисни кај жените во менопауза.

Јаткасти плодови

Тие содржат масни киселини кои се многу важни за регулацијата на хормоните, но и претеини и јаглехидрати кои овозможуваат избалансирана исхрана.

Вода

Правилното и доволното внесување на вода во организмот помага при регулација на хормонскиот статус. Водата обезбедува апсорција и го елминира вишокот хормони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот