Ова се петте најголеми трговски партнери на земјата

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – ноември 2019 година, изнесува 5.919.619 илјади евра и бележи пораст од 10.0 %.

Во периодот јануари – ноември 2019 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија.

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – ноември 2019 година, изнесува 5.919.619 илјади евра и бележи пораст од 10.0 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 7.670.226 илјади евра, што е за 9.4 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – ноември 2019 година, изнесува 1.750.608 илјади евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – ноември 2019 година, изнесува 6.627.763 илјади долари и бележи пораст од 4.2 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 8.589.760 илјади долари, што е за 3.5 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – ноември 2019 година, изнесува 1.961.997 илјади долари.

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – ноември 2019 година, изнесува 364.084.193 илјади денари и бележи пораст од 10.0 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – ноември 2019 година, изнесува 471.749.075 илјади денари, што е за 9.4 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – ноември 2019 година, изнесува 107.664.882 илјади денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – ноември 2019 година, изнесува 77.2 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот.

Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот