Ова се имињата на кандидатите за нов косовски премиер
Иако сè уште не се знае точно кога ќе се одржат новите избори, некои од партиите во Косово веќе ги одредија имињата на функционерите кои ќе бидат номинирани за функцијата премиер.
Препорачано
Додека од Демократската партија на Косово информираа дека лидерот на партијата Кадри Весели ќе биде кандидатот кој цели да ја „грабне“ оваа функција, претставниците на Алијансата за иднината на Косово рекоа дека претседателот на овој субјект, Рамуш Харадинај ќе биде номиниран за кандидат за премиер, пишува денеска весникот Зери.
Но, не се само овие две партии кои решиле да ги номинираат партиските лидери како кандидати за следен шеф на владата.
Истото го стори и движењето Самоопределување, чии официјални лица изјавија дека лидерот на ова движење, Албин Курти повторно ќе биде номиниран од партијата за премиерската позиција.
За разлика од нив, неизвесноста во овој поглед продолжува да постои во рамките на Демократскиот сојуз на Косово. Во овој субјект има две клучни фигури за кои се зборува дека се кандидати за премиерската функција.
Некои во рамките на ДСК го поддржуваат потпретседателот Љутфи Хазири, а други пратеничката Вјоса Османи.
Спротивно на нив, официјалните лица на Иницијатива веќе донесоа одлука. Лидерот на партијата Фатмир Лимај според нив ќе биде неспорниот кандидат за новата косовска Влада.


