Ова мора да го пробате: како да подготвите најсочни и највкусни ќофтенца

фото:freeimages

Ако досега подготвувавте ќофтиња од мелено месо и едноставни додатоци, како јајце, лебни трошки, кромид и други суви и свежи зачини, време е да пробате нешто ново и необично.

Без разлика дали ќе ги послужите со шпагети, како предјадење на стапчиња или во богат сос од сенф, ќофтињата сигурно се еден од најомилените и најразновидни оброци. Ако имате свој омилен рецепт за нивна подготовка, со мали трикови можете да ги направите уште повкусни.

Песто за сочност

Класичните ќофтиња – обично се послужуваат со сос на база на домати, преку тестенини – се прават од мелено месо, лебни трошки, млеко, јајца и зачини. Ако сакате вашите ќофтиња да бидат посочни, да не се исушат, (особено ако користите немасно месо како мелено мисиркино) заменете ги јајцата со песто од босилек, користејќи отприлика половина филџан песто за половина килограм месо. Резултатот ќе биде фантастичен. Сочни, мирисни ќофтенца, исполнети со омиленото песто од босилек, нема ништо поубаво.

Кремасто полнење од фета сирење

Вообичаено ќофтенцата ги збогатувате со зачински билки како магдонос, нане или власец. Но, ако ви е здосаден истиот вкус, испробајте полнење со фета сирење. Сè што треба да направите е да ставите мала коцка фета сирење во средината на секое ќофте, а потоа да ги зготвите како обично. Кога ќе пробате ќе добиете рапсодија од вкусови – кремасто, солено сирење внатре во меснатото ќофте.

Сос од брусници

Познатите шведски ќофтиња се послужуваат со џем од брусници. Затоа, ако сакате слако-солени комбинации, послужете ќофтиња со џем по свој избор: рибизли, малини или брусници. За сосот, малку разматете го џемот со вода, да стане течен.

Ќофтиња на скара

Мешавината од зачини како оригано, босилек, лук и пржено семе од сусам им даваат на ќофтињата богат и силен вкус. За да вкусот дополнително се подобри, обидете се ќофтињата да ги испечете на скара на жар, наместо во тава. На жар треба да ги печете по околу две минути од секоја страна. Скарата им дава на ќофтињата посебна арома и примамлива крцкава коричка.

Пченкарни снегулки наместо лебни трошки

Лебните трошки се составен дел од класичниот рецепт за ќофтиња. Но, одлична вест е дека лебните трошки можете да ги замените со еднаква количина издробени пченкарни снегулки (или познат како корнфлејкс). Ќофтињата подготвени на овој начин ќе имаат уште подобра текстура и вкус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот