ОВА ЌЕ БИДЕ ДОЛГ ЛЕТ: Непристоен патник и ги ставил голите стапала над главата, а на никој не му е јасна ЕДНА РАБОТА (ФОТО)
Една патничка со корисниците на Reddit сподели фотографија која покажува колку далеку човековата некултура може да оди. Таа објави слика од сопатник во авион кој своите голи стапала ги ставил на потпирачот од нејзиното седиште, а нејзиниот поглед говори се.
„Ова ќе биде долг лет“, напишала корисничната „ВудиСопрано” покрај фотографијата.
Постот веднаш се рашири на социјалните мрежи и доби илјадници коментари. Некои дури сметаа дека жената треба да му се спротивстави на непристојниот патник.
– Не сфаќам. Би станал во истиот момент кога некој би ги ставил така неговите нозе над мојата глава и би му кажал. Никогаш не треба да страдате во тишина, напиша еден коментатор.
Други сметале дека жената требала да ја повика стјуардесата, додека трети споделија слични искуства.
– Еден сопатник еднаш се соблече и ги смести стапалата меѓу седиштата, буткајќи го мојот лакт со своите неизмиени нозе. Побарав да ги тргне, но тој одби. По неколку молби, тој ги тргна нозете, но подоцна повторно ги врати. Бидејќи беше безобразен го почекав оброкот и со вилушката го боцкав секој пат кога ќе ги потпреше нозете, раскажа човек со слично искуство.
На многумина не им било јасно зошто таа воопшто го трпи тоа, зошто не реагира.
Однесувањето во авионите е предмет на дебата подолго време, а на интернет може да се затекнат секакви фотографии.