ФОТО | Ова е најпрактичниот фустан за секој ден и секоја пригода: Го носи дури и оскаровката Џулијан Мур
Некои парчиња облека се навистина ненадминати и практични за секојдневна облека, бидејќи ви овозможуваат да изгледате совршено во секоја пригода, од одење на работа до вечерно излегување, па дури, како што е случајот со актерката Џулијан Мур, гостување на телевизија.
Препорачано
Имено, холивудската дива гостуваше во овој практичен долг црн, зимски фустан во познатото шоу „Добро утро Америка“, а практичноста и класичниот крој на ова парче ја истакнаа нејзината линија и безвременската убавина. Овој едноставен и минималистички, но софистициран фустан е идеален за сите типови и возрасти на жени, а во исто време можат да изгледаат добро во него како и позната актерка.

Така, црн, долг плетен фустан од трикотажа што ја следи линијата на телото, заедно со убави црни чизми со потпетица и квалитетна чанта, евентуално со парче накит, е сè што ви треба. Оваа есен и зима овој тип на модели навистина може да се забележи на секој чекор, а изборот на бои варира во сите нијанси. Сепак, како и во случајот со малиот црн фустан, долгиот црн фустан е најпрактичен и може да се носи во секоја пригода, а притоа секогаш да изгледа стилски.


