Питер Грин / Фото: Profimedia

Откриени нови детали за трагичната смрт на Питер Грин

Питер Грин, на 60-годишна возраст, бил пронајден мртов во својот стан со телесни повреди, за време на полициска проверка на состојбата. Причината за смртта сè уште не е утврдена, бидејќи истрагата е во тек. Полицијата реагирала откако соседите пријавиле дека гласна музика одекнувала од неговиот стан во населбата Лоуер Ист Сајд на Менхетен повеќе од 24 часа. Во станот влегле и неговите родители, кои допатувале од сојузната држава Њу Џерси.

На подот била пронајдена порака со текст „Сè уште сум Вести“, која, според весникот „Њујорк дејли њуз“, се поврзува со ирско-американска улична банда од населбата Хелс Кичен во Њујорк.

Неговиот долгогодишен менаџер, Грег Едвардс, изјавил за „Пејџ сикс“ дека актерот бил во добро расположение само два дена пред да биде пронајден починат. Неговиот близок пријател, музичарот Скам Даст, открил дека Грин веќе правел планови за новогодишна прослава.

„Планираше да изнајми лимузина и сакаше да одиме од локал до локал и од ресторан до ресторан“, изјавил тој, додавајќи дека не верува оти Питер имал самоубиствени мисли. Го опиша како исклучителна личност со грижливо срце – „топол и љубезен гангстер“.

Едвардс, кој повеќе од десет години му бил менаџер, истакнал дека Питер бил еден од најдобрите актери на својата генерација.

„Имаше огромно срце. Многу ќе ми недостига. Беше одличен пријател. Се бореше со своите демони, но ги победи“, изјавил тој.
„Никој не знаеше подобро да го одигра негативецот од Питер. Но имаше и нежна страна што ретко кој ја гледаше – срце големо како злато“, додал Едвардс.

Питер Грин требало наскоро да започне работа на новиот трилер „Маскоти“ („Mascots“), во кој требало да глуми со Мики Рурк, како и на криминалистичката драма „Состојба на збунетост“ („State of Confusion“) и документарниот филм „Од американскиот народ: Повлекувањето на УСАИД“ („From the American People: The Withdrawal of USAID“), во кој требало да учествуваат Џејсон Александар и Кетлин Тарнер.

„Беше исклучително посветен на тоа да ја осветли смртта на луѓето ширум светот, за кои сметаше дека се последица од укинувањето на програмите на УСАИД од страна на Соединетите Американски Држави“, изјавил Едвардс.

„Беше пријател кој би ти ја дал и кошулата од грб. Беше сакан и навистина многу ќе недостига“, додал тој.

Актерот Питер Грин е пронајден мртов во својот стан, беше најпознат по улогата во „Евтини приказни“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот