Откажани концертите на Роџер Вотерс во Полска: Причината е мојот став за војната во Украина

роџер вотерс
Роџер Вотерс / Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Концертите на ко-основачот на „Пинк Флојд“, Роџер Вотерс во полскиот град Краков се откажани, соопштија организаторите во неделата, откако коментарите на уметникот за војната во Украина предизвикаа лавина од критики.

„Wish you weren’t here“: Членовите на Пинк Флојд со различни ставови за војната во Украина

Вотерс требаше да се појави во Краков следниот април. Полските медиуми пренесоа извештаи за неговото отворено писмо до првата дама на Украина, Олена Зеленска, во кое ја повикува да побара од нејзиниот сопруг да избере „друг пат“ и го критикуваше Западот за снабдување на Украина со оружје што наиде на остра осуда.

epa-efe
Роџер Вотерс / Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES

Организаторите не ја објаснија причината за откажувањето на концертите. Во саботата, државната новинска агенција ПАП објави дека портпаролот на „Таурон Арена“ рекол дека раководството на Волтерс ги откажале концертите без да се наведе причината.

Полска се вбројува меѓу најверните сојузници на Киев, а јавната поддршка за украинската одбрана е многу висока. Локалните советници во Краков требаше да гласаат во средата за резолуција со која Вотерс се прогласува за персона нон грата.

Во објава на социјалните мрежи, Вотерс рече дека не е точно дека тој или неговото раководство ги откажале концертите и го критикуваше локалниот советник Лукаш Вантух што повикал да биде прогласен за „непожелна личност“ во градот.

„Лукаш Вантух се закани дека ќе побара од Советот да ме прогласи за персона нон грата поради моите јавни напори да ги охрабрам сите вклучени во катастрофалната војна во Украина, особено владите на САД и Русија, да работат на мировни преговори“, напиша Вотерс во објавата на „Фејсбук“. „Доколку господинот Лукаш Вантух ја постигне својата цел и моите претстојни концерти во Краков бидат откажани, ќе биде тажно за мене, бидејќи едвај чекав да ја споделам мојата порака за љубов со луѓето во Полска“, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот