Возила за „Пошта“ / Фото: принтскрин

Ортакот на Миле Јанакиевски ќе ги брендира новите возила на „Пошта“

Акционерското друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост избра фирма која ќе биде задолжена за брендирање на новите возила за разнесување пратки, донирани од Владата, односно од граѓаните- пишува Фокус.

Станува збор за набавка од мала вредност за „означување и брендирање на службени возила“, која ја доби компанијата Заштитно друштво печатница „ГРАФО ПРОМ Битола ДООЕЛ“, по понудена најниска цена. Фирмата треба да изврши лепење логоа и ознаки на вкупно 100 возила – 90 пикап автомобили и 10 комбиња, наменети за подобрување на оперативниот капацитет на поштенските услуги.

„ГРАФО ПРОМ“ од Битола е компанија која работи во областа на печатење и маркетинг од 2000 година. Во 2025 година остварила приходи од околу 60 милиони денари, со добивка од 14,7 милиони денари.

  1. Актуелен директор и сопственик е Владимир Христовски, кој е еден од сопствениците на градежниот конзорциум „Смарт Инвест Гроуп“, составен од повеќе инвеститори од Пелагонискиот Регион. Компанијата во моментов, според податоците на својата веб-страница, управува со инвестициски фонд од околу 30 милиони евра и реализира станбени проекти во Битола, Куманово и Скопје. Кон крајот на 2025 година, во сопственичката структура на „Смарт Инвест Гроуп“ влегол и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кој станал еден од содружниците на конзорциумот, заменувајќи го градежниот инвеститор Крсте Неделковски од Битола.

Од „Пошта“ претходно соопштија дека новите 100 возила – 90 пикап автомобили и 10 комбиња – се донација со која значително се обновува возниот парк на претпријатието. Генералниот директор Охран Куртеши при промоцијата истакна дека недостатокот на транспортни возила претставувал сериозен оперативен проблем.

„Пошта“ доби 100 возила за навремено да ги доставува пратките

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, информираше дека возилата чинат околу 104 милиони денари, а преку јавна аукција е постигната заштеда од околу 400.000 евра.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот