Виктор Орбан / Фото: EPA-EFE/OLIVIER MATTHYS

Орбан му се обрати на Туск: „Наместо да поттикнуваш војна, сакај ја и спаси ја својата земја, Доналд!“

Во одговор на предупредувањето на полскиот премиер Доналд Туск дека неодамнешните активности на американскиот претседател Доналд Трамп и на Виктор Орбан личат на „план од соништата на Путин“, притиснатиот унгарски премиер очигледно уште поцврсто остана на своите повици за проруски пресврт во политиката на ЕУ, објави „Гардијан“.

– Не треба да мислиме на Путин, туку на нашите држави и на нашите народи. Наместо да поттикнуваш војна, сакај ја и спаси ја својата земја, Доналд – му порача тој на Туск.

Двајцата, некогаш блиски политички сојузници, во последните месеци повеќепати влегоа во судир поради повторените обиди на Орбан да блокира нови санкции против Русија и помош за Украина, додека неодамнешни медиумски извештаи укажуваат на блиски врски меѓу неговата влада и Москва.

Украинскиот министер Сибиха за муабетите на Сијарто со Русите: „Ова е гнасно и срамно“

Еве ја целосната објава на Орбан:

„Европа се движи кон една од најтешките економски кризи во својата историја. Светот се соочува со сериозна енергетска криза. Европа е во голема опасност. Единствениот излез е да се укинат санкциите воведени врз руската енергија. Веднаш. Не треба да мислиме на Путин, туку на нашата држава и на нашите народи. Наместо да поттикнуваш војна, сакај ја и спаси ја својата земја, Доналд!“

Коментарите на Орбан доаѓаат само 10 дена пред клучните парламентарни избори во Унгарија, а анкетите сугерираат дека по 16 години на власт тој би можел да биде соборен, во услови на растечко незадоволство од состојбата во економијата и од политичката класа.

Туск отворено кон Трамп: Политиката на Вашингтон му оди директно во прилог на Путин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот