Оливеира до триумф на последната кривина, моторот на Вињалес како „ракета“! (ВИДЕО)

фото: твитер

Возачот на „КТМ Тех3“, Мигел Оливеира триумфираше на Големата награда на Штаерска, петта трка од Мото ГП шампионатот и испиша историја. Тој стана првиот Португалец кој славеше во најсилната категорија, а воедно на својот тим му го донесе првиот триумф.

До победата дојде откако во последната кривина ги престигна Џек Милер на „Дукати“ и возачот на „КТМ рејсинг“, Пол Еспаргаро кој ја имаше пол-позицијата.

Двајцата водеа меѓусебна борба, верувајќи дека никој не може да ги загрози, но како по онаа народната, „кога двајца се караат, третиот користи“, токму оваа ситуација ја искористи Оливеира. Португалецот за три десетинки беше побрз од Милер, а на третата позиција заврши Еспаргаро.

После возбудливиот финиш, трката на „Ред Бул ринг“ ја обележа и инцидентот кој донесе и прекин на трката. Попуштија сопирачките на моторот на Маверик Вињалес при брзина од 220 километри на час. Неговата „Јамаха“ удри во ѕид и се запали, а Шпанецот остана неповреден.

Квартараро кој трката ја завршу дури на 13 позиција и натаму води во генералниот пласман со 70 бодови, сега само три повеќе од второпласираниот Довициозо, а трет е Милер со 56. Оливеира со оваа победа моментно е на деветтата позиција со 43 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот