Официјално: На Олимписките игри во Токио до 10.000 домашни навивачи

epa08619464 The Golden Grand Prix 2020 Tokyo, a World Athletics Continental Tour Gold Meeting, is held at the new National Stadium or the Olympic Stadium in Tokyo, Japan, 23 August 2020. The athletics meeting originally was scheduled for May 2020 but postponed due to the COVID-19 coronavirus pandemic. No athletes from outside Japan participate in the meet. EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Ограничен број на локални навивачи ќе имаат дозвола да присуствуваат на Олимписките игри во Токио (Јапонија), соопштија денеска организаторите.

Организаторите поставија ограничување од 50 проценти од капацитетот, или максимум 10 000 гледачи на сите настани во рамките на Игрите.

Одлуката беше објавена по разговорите меѓу организаторите на Игрите, Меѓународниот олимписки комитет, Меѓународниот параолимписки комитет, јапонската Влада и Владата во Токио.

Главниот владин медицински советник Шигеру Оми минатата недела препорача најбезбеден начин да се одржат Олимписките игри без навивачи. Тој претходно го нарече „ненормално“ одржувањето на Олимписките игри за време на пандемијата на коронавирусот.

Доаѓањето на навивачи од странство е забрането уште порано, додека домашните навивачи во Јапонија ќе мора да се придржуваат до строгите правила.

Нема да им биде дозволено да навиваат, тие мора да носат маски и по натпреварот ќе мора да одат право дома.

Организаторите рекоа дека помеѓу 3,6 и 3,7 милиони билети ќе бидат во рацете на јапонските жители.

Пред официјалното соопштување на оваа информација, премиерот на Јапонија, Јошихиде Суга, рече дека натпреварите ќе се одржат зад затворени врати доколку се промени ситуацијата со коронавирусот. Тој воедно изјави дека сериозно ги сфатил препораките на Оми, но не ги следел.

Седумдневниот просек на нови инфекции во Токио е околу 400 на ден, но здравствените власти стравуваат дека Олимписките игри ќе го зголемат бројот на заразени.

Олимписките игри во Токио треба да бидат отворени на 23 јули и истите ќе завршат на 8 август.

Американски атлетичар собори светски рекорд стар 31 година

ВИДЕО: Македонскиот олимпиец Нуров освои златен медал на турнирот во Италија!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот