ВИДЕО: Македонскиот олимпиец Нуров освои златен медал на турнирот во Италија!

Фото: facebook.com/ljubisa.pesko

Како подготовка пред настапот на Летните олимписки игри во Токио, Магомедгаџи Нуров дојде до првото место на меѓународниот турнир во борење, Сасари Сити на Сардинија (Италија) во категоријата до 97 килограми.

Нашиот натпреварувач успеа со по 10 да ги совлада своите противници од Канда и Италија, односно технички туш.

Нуров овој месец настапи и на силниот меѓународен турнир во Полска каде што беше поразен во борбата за бронзениот медал.

На видео записот можете да ја погледнете борбата и победата на македонскиот борач против Канаѓанецот Дешателетет.

Претходно олимписка виза обезбедија уште Дејан Георгиевски (таеквондо), Борјан Бранковски (стрелаштво), Пулексенија Јованоска (карате).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот