Официјално: Илиев на позајмица во полската Јагелонија

фото: jagiellonia.pl

Првиот дел од натпреварувачката сезона Дејан Илиев, членот на Арсенал го помина во редовите на словачкиот клуб Серед како позајмица.

Како што и претходно се најавуваше, тоа претходно и се оствари, македонскиот репрезентативен голман ја продолжува кариерата во Полска.

Првиот дел од сезоната Дејан Илиев, членот на Арсенал го помина во редовите на словачкиот клуб Серед како позајмица. Вториот дел од сезоната исто така ќе го игра како позајмен, но во полската екипа на Јегелонија Бјалисток.

24-годишниот струмички чувар на мрежата ја започна младинската кариера во Беласица, а од 2012. година е играч на лондонскиот премиерлигаш Арсенал.

Во Серед имаше вкупно 18 настапи, сеуште го чека деби настапот за сениорската репрезентација.

Јагелонија настапува во најсилнатата полска фудбалска лига и моментно после 20. одиграни кола е на деветтото место со 29 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот