Официјално: Димитриоски не е повеќе тренер на Металург

Фото: rkmetalurg.mk

Металург забележа изненадувачки пораз во првото коло на плејоф-фазата во македонската Суперлига откако денеска загуби од Пролет.

Ваквиот резултат стана причина веднаш по натпреварот да биде разрешен досегашниот тренер на тимот од Автокоманда, Оливер Димитриоски.

– Поради слабото и безидејно издание на нашиот тим во неколку последователни натпревари и слабите резултати, Управата на клубот му се заблагодари на соработката на тренерот Оливер Димитриоски.

Во следните неколку дена ќе се донесе одлука кој ќе го води тимот во плејоф-натпреварите на македонската Суперлига – стои во решението на управата на РК Металург.

Во следното коло од шампионатот Металург ќе гостува кај екипата на Струга која денеска загуби од Еурофарм Пелистер.

Пролет непријатно го изненади Металург во ракометниот плеј-оф

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот