Пролет непријатно го изненади Металург во ракометниот плеј-оф

Фото: rkprolet.mk

Тинекс Пролет во голем стил го стартуваше настапот во ракометниот плејоф на Македонија откако во рамките од првото коло го совлада Металург со 29:26.

Домашните ракометари за ривал го имаа повеќекратниот првак на Македонија, но тоа им послужи како мотивација да одиграат беспрекорен натпревар, целосно да го контролираат резултатот од почеток до крај и заслужено да стигнат до голема победа.

Ласко Андоновски ги предводеше стрелците кај победничкиот тим со седум погодоци, пред Пецаковски и Потиќ со по пет, додека четири гола постигна Пејовиќ.

Денеска се одиграа уште два меча, Бутел успеа да го совлада Охрид (26:22), а Еурофарм Пелистер ја оправда фаворитската улога против Струга (28:18).

За битолчани доминираше Периќ со осум погодоци, а кај стружани еден помалку запиша Ракочија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот